Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси поради повредата добиена на натпреварот против Атлетик Билбао, нема да настапи на дуелот на истите ривали закажан за в среда во рамките на четвртфиналето на шпанскиот куп.
Меси во убедливата победа од 6:0 вчеравечер учествуваше со еден гол и беше заменет на полувремето со Арда Туран.
-Тестовите покажале дека нема причина за загриженост. Меси доби удар и неизвесно е дали ќе може да игра на следните натпревари, соопшти каталонскиот тим.
Се очекува дека Аргентинецот ќе биде подготвен за следниот дуел од Примера, в сабота против Малага.