Македонската ракометна репрезентација забележа пораз во натпреварот од второто коло, во циклусот квалификации за пласман на Европското првенство во Данска. Португалија убедливо ја совлада Македонија со резултат 32:25 (18:13).
Капитенот Кире Лазаров постигна девет гола, втор стрелец беше Дејан Манасков со шест погодоци, но останатите ракометари, посебно бековите Миркуловски и Ангеловски, па и пикерот Стоилов не беа на потребното ниво.
Карлос Карнеиро кој домаќините постигна седум гола исто колку и Дуарте, кој во клучни моменти ја разбиваше македонската одбрана.
Репрезентацијата на Шпанија лесно ја совлада Швајцарија на гостински терен со 22:33 и со четири освоени бода од два меча се наоѓа на првото место во нашата квалификациска група.