А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Три милиони евра врти фабриката за лаги на братучедите Груевски и Мијалков

by А1он18/01/2016 - 10:3718/01/2016 - 22:0654
Share0

„„Курир”, „Република” и „Радио слободна Македонија” се три медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Добивај вести на вибер

Креирајќи лажна реалност, главните уредници на овие медиуми, братучедите Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Македонија, додека тие лично се богатеа.

Три милиони евра врти фабриката за лаги на Никола Груевски! Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

„Курир“, „Република“, и „Радио слободна Македонија” повеќе од еден месец молчат за милионските приходи ама затоа секојдневно објавуваат нарачани текстови во одбрана на криминалот на фамилијата на власт.

СДСМ пред повеќе од 1 месец објави за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на „Радио слободна Македонија.”

Фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

Оваа фирма покрај сопственик на “Курир” и “Радиото Слободна Македонија” е сопственик и на “К Три телевизија ДООЕЛ Куманово”.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа овие медиуми на братучедите Груевски и Мијалков 10 години ги трујат граѓаните со нарачани информации и ги штитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак во Македонија фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа. Затоа владее тишина за милионите на сметките на медиумските курири“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

Горан Наумовски10/09/2025 - 10:53

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Горан Наумовски10/09/2025 - 09:08

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Горан Наумовски09/09/2025 - 19:10

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски09/09/2025 - 13:2509/09/2025 - 13:26

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Катерина Ѓуровски09/09/2025 - 12:25

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Катерина Ѓуровски07/09/2025 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен