Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со кашест снег

Од:

Сообраќајот на граничниот премин Блаце е нормализиран од 7:30 часот, по прекин од повеќе од два часа поради излизгување на автомобил, соопшти АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од „Македонијапат“. 

Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на граничниот премин Блаце.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, додека за останатите возила задолжителна е употеба на зимска опрема.
Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Свети Николе – Куманово наместа има појава на намети од снег на коловозот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и работат на нивно расчистување. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он