Заклучоците и препораките од студијата за оценка на ризикот од поплави во полошкиот регион ќе бидат тема на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалничката на Тетово Теута Арифи и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.
На средбата во просториите на општина Тетово ќе се дискутира и за развивање стратегија за реализација на препораките и за можни извори на финансирање.