Откако во април лани загуби во 1/4 финалето на Светското првенство од Стјуарт Бингам, Рони О’Саливен (40) реши малку да пододмори, па се врати за Мастерсот кој се играше изминатава недела во Александра Палас во Лондон.
Тој на импресивен начин го совлада Бери Хокинс во финалето со 10:1.
Ова за него е шеста титула на Мастерс турнирот со што се изедначи со Стивен Хендри.