Пожарот од хемикалии, што започна пред два дена во Сантос, по експлозијата во едно складиште во овој најголем пристанишен град во Бразил е ставен под контрола, соопштија бразилските власти.
Огнената стихија предизвика ослободување на токсичен гас што ги „нападна“ жителите на Сантос и четири други бразилски градови.
Сопствениците на компанијата која управувала со складиштето со контејнери, во официјалното соопштение, открија дека контејнерите биле полни со киселина и разни средства за дезинфекција, кои кога се измешале со вода-дождовница, предизвикале хемиска реакција.
Извештаите на лекарите велат дека близу 200 лица, во три разни градови, биле префрлени во болници со проблеми со дишењето.
Бразилското обвинителство покрена официјална изградба за да испита дали постојат виновници за пожарот, во чие локализирање учествуваат 300 пожарникари.