Бруто домашниот производ на Кина изнесува над 10 трилиони долари во 2015 година, а економијата бележи раст од околу седум проценти, додека услужниот сектор покрува половина од БДП, соопшти денеска кинескиот премиер Ли Кецијан.
Кинескиот премиер, исто така, нагласи дека вработеноста бележи раст повеќе од очекуваното, а бројот на вкупната работна сила во земјата надминува 900 милиони луѓе, вклучително и 150 милиони висококвалификувани работници.
Потрошувачката учествува со околу 60 проценти од растот, нагласи Кецијан, на денешната церемонија на официјалното отворање на Азиската банка за инфраструктурни инвестиции во Пекинг.
Податоците за раст на кинеската економија во четвтрото тримесечје и за целата 2015 година се очекува да бидат објавени во понеделник.