Предложениот закон за бранители не е противуставен, не е против некој етникум, туку е поддршка кон семејствата на загинатите бранители и оние кои имаат последици од воениот конфликт, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на ДУИ.
„ВМРО-ДПМНЕ води принципиелна политика и се води од интересот на граѓаните, односно од интересот на сите оние структури во општеството кои што поради објективни или субјективни причини имаат потреба државата да им обрне поголемо внимание.
– Целта е да се помогне на една значителна категорија на граѓани кои што кога на државата и била потребна поддршка безрезервно се ставиле на располагање.
– Предложениот закон за бранители не е противуставен, не е против некој етникум, туку е поддршка кон семејствата на загинатите бранители и оние кои имаат последици од воениот конфликт.
– Со овој закон не се нарушуваат ниту се одземаат правата на било кој друг субјект на кого овој закон не се однесува. Целта на законот е да се помогне, а не да се искористи како повод за меѓусебни докажувања и надмудрувања.
– Законот се однесува на сите припадници на бебедносните сили, на припадниците на МВР и припадниците на резервните состави во кој што потенцираме нема само Македонци. Дополнително овој закон не се однесува само на припадниците на безбедносните сили кои што учествуваа во 2001 година туку се однесува и на оние кои што учествуваа во војните низ Југославија и непринципиелно беа држени во рамките на воените сили на Југославија како и на сите припадници на мировните мисии кои учествуваат насекаде низ светот каде што е потребно.
– ВМРО-ДПМНЕ останува на намерата да се донесе овој закон бидејќи цениме дека е едно праведно решение. Затоа повикуваме политичките партии да не настапуваат со емоции кон ова предлог законско решение, туку рационално да ценат неговите предности“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.