Салах Абдеслам, за кого се смета дека е единствениот преживеан од терористите кои на 13 ноември минатата година изведоа серија напади во Париз, се поврзал со познатиот белгиски адвокат Свен Мари, информираат белгиските медиуми, повикувајќи се на агенцијата „Белга’.
Агенцијата цитира „добро информиран извор“, а адвокатот Мари не сакал да го коментира сознанието на медиумот, јавува БТА.
Медиумите прециизраат дека адвокатот е меѓу „големите имиња“ во белгиската престолнина и досега бранел и други обвинети за директно или индиректно учество во тероризам.
Пред неколку дена адвокатот во едно интервју изјави дека белгиското обвинителство сее страв и оди предалеку во своите истраги за предметите поврзани со тероризам.
Неговиот веројатен нов клиент е најбараното лице во Европа и едно од набараните во светот. Белгиските медиуми го оценија како „белгискиот непријател број еден“.
Се уште остануваат непознати местото на криење на терористот и неговите намери, но денешната информација претпоставува дека тој е подготвен да се предаде и да се појави пред белгиското правосудство.