После лимузинската и класичната караван верзија компанијата „Ауди“ ја претстави и крос варијантата на новата генерација на моделот „А4“.
Темелен на караван моделот „А4 Авант“, „Олроуд Кватро“ доби типични заштитни елементи на долните делови на каросеријата, како што се пластиката на полумесеците на калниците или алуминиумски додатоци под браникот, како и каркактеристичните шини на покривот.
Во споредба со стандарниот „Ауди А4“, полутеренецот е покренат за 34 милиметри, благодарение на модификуваниот систем за потпирање, а за добрите маневарски способности на патот, но и надвор од него задолжен е кватро погонот на сите четири тркала.
Автомобилот стандардно се испорачува со 17 инчни алу фелни, додека оние кои тоа го сакаат со доплата ќе добијат опциски тркала со големина од 21 инчи.
Во понудата е палета од пет дизел и еден бензински мотор во распон на силата од 150 кс (110 кW) до 272 кс (200 кW).
Моторите можат да бидат поврзани со шестбрзински мануелен, нов седумстепен автоматски „С троник“ менувач или со унапреден осумстепен типтроник.
„А4 Олроуд Кваттро“ за 2016 година има и нова верзија „Ауди Драјв Селект“ систем што покрај досегашните модови „Комфорт“, „Ауто“, „Динамик“, „Ефициенс“ и „Индивидуал“, нуди и „Оф-роуд“ опција.
Фабриката соопшти и дека во однос на претходникот има унапреден систем за потпирање и збогатена понуда на електронски безбедносни системи.
Новиот „Ауди А4 Олроуд Кватро“ на европскиот пазар пристигнува ова лето, а препорачаната почетна цена изнесува 44.750 евра.