Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО повика државата да воведе данок за секој маж над 35 години кој не е женет, и за секоја жена над 30 години, а не е мажена.
Овој предлог Шехтански го извлекува од тоа што државата во секој поединец вложувала за бесплатно образование и здравствена заштита за да изгради здрава личност која ќе придонесува за државата.
„За ТМРО е неопходно Македонија да преземе покрај соодветни стимулативни мерки за наталитетот, кои ова влада со проектот трето дете ги започна, а ТМРО ги поддржува и кои веќе даваат резултат, да се превземат и казнени мерки со т.н. проект ергенски данок.
– Затоа морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист, е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата – годишна такса, на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години.
– Наша приоритетна цел и политичка и економска, а ако сакате и државна е поддржување на наталитетот кај Македонците, како основа за опстанокот на македонската држава и народ“, рече претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.