(ВИДЕО) Заев на Канал 5: За три дена, десет пати го дадовте обраќањето на Груевски

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за вестите на Канал 5 го повтори ставот дека телевизијата се однесува како поголем политички непријател отоколку нивниот конкурент ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште еднаш ќе констатирам, се однесувата како медиум, како поголем политички непријател од нашиот политички непријател, ВМРО-ДПМНЕ. Од 31 декември до 3 јануари го давата Никола Груевски вкупно десет пати. “ На 31 декември и 1 јануари по два пати, на 2 ри и 3 ти по три пати, рече Заев.

-Станува збoр за премиер,реагираше водителката и уредник на вестите, Лидија Богатинова.

-Имате нов закон кој на мудар начин го изигрувате, десет пати за три дена каде премиерот ја сатанизира опозицијата? Каде е рамноправната застапеност, рече Заев.

-И вие бевте застапени со вашата изјава.

Десет пати за три дена, праша Заев.

Не, одговори Богатинова.

Вие сте гостин во дневникот и ова интервју немаше да се случи ако не ви беше наредено, рече таа и не прецизираше од кого, иако ја праша Заев.

Знаеме каква е позадината на вашето доаѓање, повтори Богатинова, без да даде објаснување.

Таа истакна дека се надева дека изборите ќе бидат на 24 април и го праша Заев што ќе понуди СДСМ како програма за изборите?

-Конгресот на СДСМ ја усвои програмата, цел пакет на мерки, генерално да ја вратиме власта на граѓаните и тие да ја контролираат идната влада. Буџетската транспарентност е најбитна, ќе се дебатира за проектите и така ќе се создава буџетот. Укинување на драконските казни, укинувањето на законите за извршителите, 100 милиони поддршка на бизнис сектрот, слободни медиуми во Македонија, каде секој слободно ќе може да зборува, рече Заев.

-Прва вест е дека е отворена нова инвестиција во Порцеланка, дали СДСМ некогаш ќе отвори такви фабрики, праша Богатинова.

Во Струмица има веќе отворени 5000 работни места, но вистинската мерка е да се помогне на домашниот сектор, директно да се инвестира во нашите компании, државата да вбризга пари, зашто профитот останува овде, а конечната цел еда се крене просекот на платите, рече Заев.

Ќе има ли избори? Се зборуваше дека Заев не сака да има избори поради лошите резилтати на анкетите, праша Богатинова.

Да потсетам дека ние, опозицијата се изборивме за предвремени избори, а да потсетам и дека Бајден кажа дека мора да има континуирана имплементација на Пржино. Тоа значи целосно спроведување на императивот, не избори колку за избори, туку фер, чисти и демократски. Не и треба на Македонија нова кражба на изборите, не и требаат повторно лоши избори. Има делови кои се завршени од Пржино, но проверката на избирачкиот список и медиумите се обврски и пред договорот од Пржино.

Лидерот на СДСМ кажа дека Чаушот е член на СДСМ, одговарајќи на прашањето дека е фотографиран со него.

-Јас седам и со осомниченото лице Никола Груевски, премиерот седи и на вашата ТВ. Чаушот е член на СДСМ, две години повикувам да достават сите докази кои ги имаат против власта. Ова што се случува со т.н афера со лични карти е само пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

Истрагата ќе покаже што е вистината овде. ВМРО-ДПМНЕ победува со фалсификати, МВР печатело фиктивни лични карти, има признание за тоа.

Заев кажа дека се што поседувал од сниманите материјали е предадено на специјалната јавна обинителка, Катица Јанева.

-Од се што поседувавме предадовме, се надевам дека и власта преку тајните служби, односно Сашо Мијалков ќе ги даде материјалите зашто има многу повеќе, рече Заев. Според него, Верушевски не ни требаше да биде притворен.

-Ако требаше така да биде, тогаш и Груевски требаше да биде притворен, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска