Напаѓачот самоубиец, кој изврши денешниот напад во Истанбул, во кој беа убиени десет лица, најверојатно влегол во Турција од Сирија и не фигурирал во списокот на земјата со осомничени џихадисти, изјави вицепремиерот на Турција Нуман Куртумлуш, јави БТА.
Според него, илјадници луѓе биле следени за наводни врски со милитанти, но напаѓачот не бил меѓу нив.
Се претпоставува дека тој влегол неодамна во земјата од Сирија, наведе вицепремиерот.