Научете ги децата да бидат среќни

Од:

Вредна семејна мудрост која ќе им користи на родителите да ги научат децата да бидат среќни.

Одел еднаш некој стар мудрец по пат, ја гледал природата и уживал во пролетните бои. Одеднаш здогледал човек кој на својот грб носел товар. Се гледало како под тежината му се тресат нозете.

– Зошто самиот себе се осудуваш на толку тешка работа, на страдање, прашал старецот.

– Се мачам за моите деца и внуци да бидат среќни. Мојот прадедо се осудил себеси на тежок живот и работа за доброто на мојот дедо. дедо ми за доброто на мојот татко, татко ми за мене, а јас ќе се помачам за среќата на моите деца.

– Дали некој во вашето семејство беше среќен, прашал мудриот старец.

– До сега не, но сметам дека моите деца и вници ќе бидат среќни, воздивнувајќи одговорил измачениот човек.

– За жал, неписмениот човек не може да научи да чита, како што крт не може да одгледа орел, воздивнал стариот мудрец. Најпрво мора да научиш ти самиот да бидеш среќен и дури тогаш ќе можеш своите деца да ги научиш да бидат среќни. Тоа ќе им биде најдрагоцениот подарок од тебе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска