По повод навршувањето осум години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.
Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, вбр, како и членови на нивните семејства.