„Земјоделците и сточарите, следната година, ќе можат да ги легализираат рибниците, оранжериите, ладилниците, магацините дивоизградени на земјоделско земјиште“, изјави Зоран Коњановски.
Во првата половина од наредната година земјоделците ќе можат да купат и земјоделска маханизација преку ИПАРД програмата на Европската комисија која предвиде 14 милиони евра за таа намена.
„Од идната година исто така во програмите за финансиска поддршка дополнителна поддршка ќе добиваат регистрираните земјоделци. Тие ќе добиваат 20 проценти повисоки субвенции во однос на евидентираните земјоделци а во наредните пет години ќе стигнат и до 50 проценти поголеми субвенции“, додаде Коњановски.
Според него, владата подготвила и низа поволности за земјоделските задруги.