Групата Исламска држава врбувала 450 членови во Анкара, објави денеска турската интернет-страница „Хабертурк“ повикувајќи се на разузнавачки информации.
„Хабертурк“ наведува дека сто од врбуваните лица во Анкара во моментот се на обука за ракување со експлозиви во сирискиот град Рака. А, дел од останатите врбувани лица во Анкара во моментот се борат со џихадистите во Сирија.
Полицијата во Анкара во моментот следи низа осомничени борци на ИД, кои се поделени во осум групи.