Давутоглу: Невозможно е да се одреди краен рок за прекин на операциите против ПКК

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека не може да постави краен рок за прекин на воените операции во Југоисточна Тутција против Курдската работничка партија (ПКК).

Тој наведе дека крајни рокови треба да бидат поставени само кога ќе биде ставен крај на насилството и теророт.

– Преживуваме период во кој сме вознемирени за единството и целовитоста на Турција. Се очекува Турција да се сопне. Со волјата на Алах ќе ги спречиме тие сценарија. Деноноќно работиме за успешно да ги завршиме антитерористичките операции колку што е можно побрзо, посочи Давутоглу.

За време на викендот турската армија објави дека вкупно 448 курдски борци се убиении во градовите Џизре и Силопи и во реонот Сур во Дијарбекир од почетокот на операцијата, пред речиси еден месец, во југоисточна Турција.

Би можело да ве интересира

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски