Словенецот Петер Превц победи на ски-скоковите на скокалницата во Вилинген, Германија и ја зголеми предноста во Генералниот пласман од Светскиот куп.
За словенечкиот ски-скокач ова беше седма победа оваа сезона и четврта во низа остварена со скокови од 148,5 и 145,5 метри, односно со 264,9 поени.
Второто место му припадна на Норвежанецот Кенет Гангес со 249,4 поени, или скокови од 139,5 и 141 метри.
На победничкиот подиум се најде и германскиот натпреварувач Северин Фројнд скокови од 145,5 и 133 метри или собрани 234,2 поени.
Превц е лидер во пласманот со 1.024 поени, пред Фројнд со 779 и Гангес со 675 поени.
Следниот натпревар во скијачки скокови ќе биде на 24 јануари во Закопане, Полска.