Камерон: Не поднесувам оставка доколку доживеам пораз на референдумот за ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека нема да се повлече од функцијата доколку на референдумот за членство во ЕУ доживее пораз.

Во разговор за Би-Би-Си, Камерон рече дека не мисли оти напуштањето на Унијата е „вистинското решение“, но дека тој и Владата ќе ја почитуваат одлуката на британските гласачи, ако се определат за излегување од ЕУ, и ќе направат се што е потребно тоа да се реализира.

Премиерот Камерон, сепак, верува дека во текот на февруари ќе се постигне спогодба со Брисел и со другите земји членки околу реформирањето на Унијата, како што сугерира Лондон, што британскиот премиер сака да го обезбеди пред референдумското изјаснување на Британците.

Според претходните навестувања, референдумот би требало да се организира до крајот на 2017 година, но британските медиуми пред крајот на минатата година се почесто навестуваа дека изјаснувањето за иднината на членството на Британија во Унијата би можело да се одржи во текот на годинава.

Камерон уште еднаш потврди дека тој ќе агитира за тоа Британија да остане членка на, како што вели, реформираната ЕУ, но дека нема да прави пречки доколку не биде почитувана неговата определба.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство