Нова победа на Вон во Алтенмарк

Од:

Американката Линдзи Вон триумфираше на денешниот супервелеслалом што се возеше во Алтенмарк. Таа по вчерашниот триумф во спустот беше најбрза и на денешното натпреварување. Воедно ова за нема беше четвртта едноподруго победа во „супер џи“.

Вон до триумфот стигна со време 1:12.75 минута и беше за 70 стотинки побрза од Лара Гут од Швајцарија. Третото место го освои Корнелиа Хутер (Австрија) со време 1:14.00 минута.

Вон води во пласманот за супервелеслалом со 200 бодови, Хутер има 120.

Во генералниот пласман Вон ја намали разликата во однос на Гут која се наоѓа на првата позиција. Сега Гут има 738 бодови, а Вон 700.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ