Камерон: Ако Британците поддржат излегување од ЕУ, тоа ќе го почитуваме

Од:

Доколку Британците на референдум до крајот на 2017 година изгласаат напуштање на Европската унија, Владата ќе мора тоа да го почитува, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.

Анкета објавена минатата недела покажа дека мнозинство Британци би гласале за напуштање на ЕУ.

Камерон додаде дека напуштањето на Унијата нема да биде добра одлука доколку тој ги оствари своите цели во поглед на рефрми што го регулираат членството на Британија во ЕУ.

– Британскиот народ сам ќе одлучи. Мора да ја почитуваме таа одлука без разлика каква ќе биде, изјави Камерон во интервју за Би-Би-Си.

Тој додаде дека „излегувањето од ЕУ не е вистинскиот одговор, но ако тоа биде одговор ќе мора да направиме се што е потребно за да се реализира таа одлука“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство