Нападнати и ограбени двајца Мароканци на железничка во близина на Скопје

Од:

Во СВР – Куманово вчера во 11 часот Е.С. и Е.Е. државјани на Мароко, пријавиле дека на 07.01.2016 година во близина на Скопје на железничка станица надвор од градот, од страна на три засега непознати лица со употреба на безбол палка и електро шокови, им било извршено разбојништво, при што им биле одземени околу 300 евра, патни исправи и лични карти на нивно име и мобилен телефон „Сони“.

МВР денеска соопшти дека лицата на 08.01.2016 година околу 23,50 часот во ПС од ОН Куманово пријавиле дека биле нападнати од страна на две лица, кои ги превезувале со патничко моторно возило, при што Е.С. избегал и се сокрил, а Е.Е. бил удрен со тупаници при што не му се нанесени видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа