„Обама“ го победи „Ромни“ во корида

Од:

Кога претседателските избори во САД би ги одредувала една борба на бикови во Кенија, претседателот Барак Обама ќе триумфираше над неговиот противкандидат Мит Ромни, објави американската агенција АП.

Жителите на селото Кајега на запад од Кенија организираа денеска борба со бикови во која силите ги одмерија – црниот бик Обама, тежок 410 килограми и малку потешкиот, црно-бел бик од 460 килограми, наречен Мит Ромни.

Иако со нешто помала тежина бикот Обама беше фаворит со шест победи на последните шест борби и не разочара.

По речиси половина час борба, биковите, два вида карактеристични за земјата во Кенија, се разделени и Обама е прогласен за победник.

Мајката на американскиот претседател Барак Обама е родена во Канзас, а неговиот татко е роден во Кенија, па многу Кенијци го сметаат за свој, наведе Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Артан Груби се повлекува од јавниот живот откако се најде на „црната листа“ на САД

A1on

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата