Меркел: Криза уште најмалку пет години

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека должничката криза во Европа ќе трае уште најмалку пет години.

Меркел рече дека Европа е на вистинскиот пат да ја надмине кризата, но „греши секој кој мисли дека тоа може да биде решено за година или две“.

Кризата пред две години ги зафати европските земји кои беа презадолжени, особено Грција, која за да добие меѓународна помош и да избегне банкрот, мораше да спроведе остри мерки за штедење на барање на другите земји од еврозоната, вклучувајќи ја и Германија.

Меркел, на регионалниот состанок на својата Христијанско-демократска партија, рече дека е време за „малку строгост“ затоа што во спротивно, како што предупреди, Европа нема да може да привлече инвестиции.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати