Во пожар, кој во текот на ноќта го зафати најпознатиот центар за коњички спортови во Канада, настрадале 43 тркачки коњи, а пожарникарите се бореле со огнот речиси шест часа.
Пожарот избил во коњичкиот центар „Класи Лејн“, на околу 80 километри источно од Торонто, кој е изграден во 2003 година и во него се наоѓале вкупно 222 коња.
Сопственикот на центарот Џејми Милиер изјави дека сите коњи во една од петте штали на хиподромот изгореле во пожарот, бидејќи спасувачите не можеле поради чадот да стигнат до нив.
Милиер нагласи дека е многу рано да се процени вредноста на коњите, кои настрадале во огнената стихија, но смета дека таа ќе изнесува „милиони долари“.