Министерството за земјоделство во одбрана на козите на Миленко

Од:

„Министерството за земјоделство во обид да го одбрани Миленко Неделковски, само потврди дека фирмата на фамилијата Неделковски, НАТУРАЛ ФУД ДОО – Градско, во 2009 година добила на користење 186 хектари пасиште во селата Долно Чичево и Подлес.

Според тековната состојба на корисникот на концесијата НАТУРАЛ ФУД ДОО – Градско издадена на 29.12.2015 година сопственици на фирмата се Виолета Неделковска и Друштвото за продукција ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ- М ДООЕЛ – Скопје.

Според тековната состојба на ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ – М ДООЕЛ – Скопје, сопственик е Виолета Неделковска, а управител Миленко Неделковски, миленикот на Никола Груевски.

Сите имаат иста адреса и место на живеење.

Министерството за земјоделство призна и нерационално користење на добиените пасишта од страна на Неделковски.

Според договорот, фирмата НАТУРАЛ ФУД ДОО – Градско го добила пасиштето наменето за 744 грла добиток со 60 кози, а за 6 години омилениот водител на Груевски, Миленко, го зголемил стадото за 130 грла што е близу 4 пати помалку од оптимална бројка.

Вака се толерираат мегафоните на власта и вака Никола Груевски ги наградува неговите послушници и платеници.

Граѓаните ќе го казнат ваквото владеење на Никола Груевски.

Збогум Никола“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите

Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари