Благодарница од месната заедница Шипковица за АРМ

Од:

Претставниците на месната заедница Шипковица денеска на министерот за одбрана Зоран Јолевски му доделија благодарница за помошта која Армијата на Република Македонија му ја пружи на населениото во Шипковица, за време на поплавите во август минатата година.

Претставниците на месната заедница Шипковица во оваа пригода ја изразија својата најдлабока благодарност за поддршката која ја добија граѓаните на Шипковица од припадниците на АРМ.

Министерот Јолевски истакна дека АРМ е секогаш во служба на граѓаните на Република Македонија во најтешките моменти.

На почетокот на август 2015-та година по обилните врнежи од дожд во Шипковица се случи природна катастрофа, по која Владата на Република Македонија, АРМ, Општина Тетово, Центарот за управување со кризи и бројни невладини организации и приватни компании се вклучија во интензивни акции за помош на погоденото население во тетовско. За време на акциите Армијата секојдневно работеше на терен, ги расчисти насипите на кал и камења, ги расчисти патиштата, изгради неколку мостови, се вклучи во барање на неколкуте исчезнати лица и интензивно им помогаше на погодените луѓе во тетовско.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он