Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ферари“ успешно лансира акции на Миланската берза и почна ново поглавје во своето постоење како самостојна компанија, по одвојувањето од долгогодишниот деловен партнер, компанијата „Фиат Крајслер Аутомобилес“.
Првиот ден од трговијата на берзата легендарната компаније заработи 43 милиони евра од продажбата на акции.
Цената на акцијата опаднала на 41,75 евра, по што продажбата привремено била суспендирана, а потоа се качила а 41,90 евра.
Компанијата „Ферари“ во октомври минатата година дебитира и на Њујошката берза. Последниот ден од 2015 година цената на нејзините акции на оваа берза изнесуваше 44 евра.
Новата компанија, која се одвои од ФЦА, е во сопственост на фирмата „Ехор Спа“ од автомобилското семејство Ањели, со 23,5 отсто удел во капиталот, и Пјер Ферари, син на основачот Енцо Ферари, со 10 отсто.
-Новото поглавје за компанијата е отворено, продажбата на акции е новата појдовна точка, изјави претставникот на „Ферари“ Серџо Маркионе, кој е и претседател на ФЦА.