Египет повторно испрати свој амбасадор во Израел

Од:

Египет повторно по три години испрати свој амбасадор во Израел, јави ДПА.

– Амбасадорот Хезем Хајрат пристигна во петокот, изјави потрпаролот на израелското Министерство за надворешни работи.

Израел и Египет во 1979 година потпишаа мировна спогодба, но нивните односи често пати се опишуваат како „студен мир“.

Египет за време на владеењето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси го отповика својот амбасадор поради израелската офанзива на Појасот Газа во ноември 2012 година.

По соборувањето на Морси во 2013 година од страна на армијата, под команда на актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси, настапи одредено подобрување во односите.

Испраќањето на амбасадор во Израел беше одложено повторно поради војната во Појасот Газа во 2014 година.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави одлуката за враќање на египетскиот амбасадор во земјата.

– Тоа ќе ни овозможи да ги подобриме нашите односи со една важна држава со централно место во регионот, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија