Северна Кореја можеби се подготвува за тестирање на хидрогенска бомба, јави ТАСС.
Според извештајот на јужнокорејската Служба за хемиска, биолошка и радиолошка заштита, Пјонгјанг веќе спроведува дополнителни активности за создавање на термонуклеарни оружја.
Можно е Северна Кореја веќе да произведува и тритиум, потребен за создавање на високотехнолошко нуклеарно оружје.
Не е исклучена можноста за подготовка на тестирањето да е ископан нов тунел до полигонот, а ако се земат предвид претходните тестирања Северна Кореја има основа за создавање на термонуклеарно оружје, изјави претставник на јужнокорејската Служба за хемиска, биолошка и радиолошка заштита.