Отворена постапка против три лица за убиството на 26-годишен охриѓанец

Од:

Основното јавно обвинителство – Охрид отвори постапка против три лица, осомничени за вчерашниот настан во кој животот го загуби 26-годишен жител на Охрид.

За трите лица, државјани на Р. Србија, од страна на надлежен обвинител е побарано одредување мерка притвор. Судија на претходна постапка за трите лица определи притвор во времетраење од 30 дена.

Еден од осомничените се гони за кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 од Кривичниот законик – убиство извршено на свиреп начин. Останатите двајца се товарат за кривично дело „Помагање“ од чл. 365 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство – Охрид ја продолжува истрагата за овој случај.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски