Базенот во „Борис Трајковски“ отворен за лицата со посебни потреби

Од:

Во рамки на програмите за развој на спортот кај младите со посебни потреби, Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ги отвори вратите од базенот за оваа категорија лица, кои секој ден во терминот од 16 до 17 часот ќе можат да доаѓаат на пливање.

Освен бесплатното користење на базенот, СЦБТ обезбеди тренери кои помагаат во специјално адаптираните тренинзите со овие деца.

Програмата се однесува на директен контакт со лицата со посебни потреби, а се врши и едукација на родителите се со цел по завршување на курсот родителите да ги заменат тренерите.

Целта е да се излезе во пресрет на повеќе семејства, да се обучат што повеќе родители и да се работи со повеќе лица со посебни потреби.

За овој проект се ангажирани најдобрите тренери кои се предводени од проф. д-р Наташа Мешковска.

Идејата е преку спортски вежби на децата со различни ментални и физички попречености да им се овозможи полесен и побрз напредок, но и чекор напред кон нормалното функционирање.

Овој проект се реализира заедно со здружението „Дајте ни крилја“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан