А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нападнати и ограбени две повозрасни жени во Куманово и Прилеп

by А1он02/01/2016 - 12:5587
Share0

Две повозрасни жени во текот на вчерашниот ден се физички нападнати и ограбени во нивните домови во Куманово и Прилеп при што одземени им се златен накит и пари.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, едната кражба се случила вчера во Куманово околу 3 часот по полноќ кога непознат сторител преку прозорецот од купатилото влегол во домот на 50-годишината Е.М. која спиела. Откако пребарал низ куќата, физички ја нападнал и и ги одзел обетките што ги носела, а од плакарот одзел два златни прстена и еден пар обетки по што избегал. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во вториот случај, 72-годишната Л.М. од Кривогаштани пријавила дека во нејзиниот дом околу 19:50 часот две непознати маскирани лица затропале на влезната врата, по што ја турнале и влегле во салонот. И ги врзале рацете и нозете со селотејп трака и со закана со пиштол одзеле паричник во кој имало 800 австралиски долари, 200 евра, 3.000 денари и трансакциски картички. Извршен е увид од страна на Полициската станица во Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

krazba

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45

Лувр е повторно отворен

Горан Наумовски22/10/2025 - 18:38

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Предраг Петровиќ25/07/2025 - 16:58

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен