Во тешка сообраќајка во Штип загина 38-годишник

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Штип во судир меѓу две патнички моторни возила.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова изјави дека несреќата во која загинал 38-годишниот Маријан Ордев, се случила 22 минути по дочекот на Новата година.

– Во критичниот момент  патничкото возило „фолксваген поло“ управувано од А.Н. во кое имало и сопатник, се движело во правецот од зградата на Противпожарната единица кон мостот на реката Брегалница, а починатиот возач на возилото „ауди 16“ Маријан Ордев се движел во правец од бензинската пумпа кон градската автобуска станица во Штип при што дошло до судир помеѓу двете возила. Итната медицинска помош веднаш интервенирала, но констатирано е дека 38-годишниот штипјанец загинал на лице место, вели Панајотова.

Во тек е истрага за причините за несреќата на една од најфреквентните сообраќајници во Штип, а алкотестот што го направила полицијата кај возачот А.Н. покажал дека во крвта имал 1,45 промили алкохол.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени