(ВИДЕО) Шилегов: Груевски, во 2015 најголемиот успех ви е второто место за најкорумпиран политичар во светот

Од:

Господине Груевски во 2015 година за волја на вистината и заработивте. Мислев дека доцните заради држење на прес-конференции, обично сакате да се фалите со високи места.

Заработивте делба на второто и третото место на најкорумпиран политичар во светот. И тоа е она што го заработивте, му рече пратеникот на СДСМ Петре Шилегов на премиерот Никола Груевски на седницата за пратенички прашања.

– Затоа не знам што да ве праша човек господине Груевски , зашто немавте храборост да одговорите за парцелите на Водно, немате храброст да одговорите кој е газда на вашиот кум три месеци од кога ве имам прашано, да знаеме кои се сопственици на фирмата од Белизе која ги купи плацевите на Водно, немате храброст да кажете дека мерцедесот го имате купено за сопствени потреби, па лажевте дека го имате купено за странските дипломати, последниов период зашто не излезете да кажете еве го мерцедесот тој е. Немате храброст да кажете ни за Космос, ни за состојбата со судството, ниту за партизираните државни институции, за состојбата во здравството, одбирате да ги менувате директорите наместо да го смените министерот . Е господине Груевски џабе е човек вас да ве прашува. Немате никаква храброст да одговорите на ниедно од овие прашања. И вашиот најголем противник во 2015 година нема да биде СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ, вашите блиски соработници, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител