Обилните дождови и силните ветрови продолжуваат да создаваат проблеми за жителите во одредени области на Велика Британија, пренесува БТА.
Денеска во Шкотска 5.500 домаќинската останаа без електрична енергија, а во Англија и Велс околу 3.000.
Сепак, се намалува бројот на предупредувања за тешки поплави, откако нивото на многу реки во Северна Англија се намали од рекордно високите нивоа.
Претставниците на британската служба за животната средина предупредуваат дека почвата е многу мокра, што значи дека при нови врнежи може брзо да се дојде до уште поплави.