Народниот правобранител: 1500 бегалци се оставени на студ и во неподносливи услови

Од:

„Народниот правобранител со голема загриженост констатира дека повеќе од 1500 бегалци (жени, деца, стари лица и тн.), вчера од 11:00 часот  се оставени на отворено во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија каде што ја поминаа и ноќта. Причина за нехуманиот третман на бегалците е затворање на двата големи монтажни шатори (поради нивна дезинфекција), како и блокирањето на железничката пруга од страна на такси возилата во знак на револт од Одлуката на Управувачкиот комитет за време на кризни состојби бегалците да се превезуваат првенствено со воз, а само во исклучителни случаи со користење на такси возила.

Народниот правобранител смета дека институциите надлежни за справување со бегалската криза, со ова покажуваат крајно несериозен однос и негрижа за бегалците кои повеќе од 24 часа се надвор изложени на неповолни временски услови.

Народниот правобранител, препорачува итно да се овозможи непречен транспорт на сите бегалци до Прифатниот центар „Табановце“, со користење на сите превозни средства и почитувајќи го правото на избор на превозно средство од страна на бегалците. Истовремено ги повикува надлежните министерства, особено Управувачкиот комитет за време на кризни состојби и Центарот за управување со кризи за итно и неодложно решавање на проблемот со транспортот, како и создавање услови за хуман престој и третман на лицата во  Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија“, се вели во соопштението на Народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он