Дочекот на Новата година во Париз скромно и со засилени безбедносни мерки

Од:

Во услови на стравувања од можни терористички напади, традиционалниот дочек на Новата година на Елисејските полиња, годинава ќе мине во услови на засилени безбедносни марки, јави дописникот на МИА од Париз.

За време на новогодишната ноќ најавено е засилено полициско присуство на најпознатата авенија во Париз, каде дочекот на новата 2016 година ќе биде првата јавна свеченост по тероросристичките напади од 13 ноември. Во исто време и прославата, закажана околу Триумфалната порта, ќе биде поскромна од вообичаеното.

Нешто пред 23 часот на 31 декември ќе биде запрен сообраќајот на авенијата „Шанзелизе“, по што набрзо по полноќ повторно ќе биде возобновен, многу порано отколку во претходните години.

– Полициските сили, кои и така се доста бројни, ќе бидат засилени со уште неколку илјади полицајци, многу повеќе од минатата година, изјави Роко Контенто, портпарол на полицијата во Париз.

Градоначалничката на Париз, Ани Идалго соопшти дека поради „безбедносни причини“ откажан е традиционалниот огнометот на Триумфалната порта.

Едно од најпознатите обележја на Париз, 15 минути пред Новата година, ќе биде осветлено во француското знаме, а во 23:50 на Триумфалната капија ќе започна проекција на тема „Заеднички и среќен живот во Париз“, која ќе трае 10 минути. Полицијата сака да избегне премногу толпа народ во близина на споменикот.

Продавниците на „Шанзелизе“ ќе работат до 18 или 19 часот, додека рестораните на остануваат отворени цела ноќ.

– Животот продолжува. Париз е празник. Ние тоа го кажавме многу пати и тоа е порака до светот, изјави Едуард Лефевр, претставник на трговците од Шанзелизе. – Ние секогаш сакаме да имаме гостопримлив град. Многу е важно да се случува нешто на 31 декември. Ние не се откажуваме, вети тој.

Лани на Елисејските полиња се собраа околу 650.000 за да ги одбројат последните секунди на 2014 и да ја дочекаат 2015 година.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски