Кога родителите разговараат со детето, тие не размислуваат што точно слуша нивното дете.
Вообичаените грижливи фрази како „Не оди таму“ или „Не го допирај туѓото куче“ за детето може да звучи како „Цел свет е опасен“.
Како треба да му давате информации со цел детето правилно да ве разбере?
1. Ние велиме: „Внимавај ќе паднеш!“, „Не го допирај кучето, ќе те касне!“
Детето слуша: „Светот е опасно место, подобро воопшто ништо да не правиш!“
Кажете поинаку: „Грижи се за себе!“, „Чувај се!“, „Биди внимателен!“.
2. Ние велиме: „Ајде побрзо!“, „Замолчи!“, „Стани!“, „Одговори!“
Детето слуша: „Не си важен. Мораш да ги жртвуваш своите желби за другите!“
Кажете поинаку: „Имам десет минити. Колку време ти е потребно тебе?“ (Обидете се да се договорите).
3. Ние велиме: „Не плачи!“, „Не викај!, „Смири се!“
Детето слуша: „Не ги изразувај своите емоции!“
Кажете поинаку: „Ти веројатно се умори? Дали се уплаши од нешто?“ (Обидете се да ги разберете чувствата на своето дете).
4. Ние велиме: „Колку пати треба да ти повторам?“
Детето слуша: „Ти си глупав, ти си губитник!“
Кажете поинаку. „Сигурно ќе успееш, обиди се уште еднаш. Ако сакаш, можам да ти помогнам“.
5 Ние велиме: „Момчињата треба да се плашат, девојчињата мора да бидат послушни“.
Детето слуша: „Мажите немаат право на чувства, жената е секогаш жртва“.
Кажете поинаку: „Ти си вознемирен“, „Ти си лут“, „Ти имаш право тоа да го преживуваш“.
6. Ние велиме: „Како не ти е срам!“
Детето слуша: „Ти си лош, со тебе нешто не е во ред!“
Кажете поинаку: „Сите ние грешиме. Грешката е чекор кон тоа да научиш“.
7. Ние велиме: „Погледни како тој (таа) тоа убаво го прави. А ти?“
Детето слуша: Ти со полош од другите!“
Кажете поинаку: „Те сакам таков каков што си!“