Општина Центар: Надминат спорот со финансии, по Божиќните празници ќе проработат трите групи јасли во „Кочо Рацин“

Од:

„Конечно е надминато недоразбирањето со Министерството за финансии. Министерот ги одобри барањата за неопходните вработувања за новата градинка во општина Центар, „Кочо Рацин“.

Денеска е објавен огласот, а по Божиќните празници градинката ќе профункционира со полн капацитет.

Во моментот работат седум групи кои згрижуваат и воспитуваат деца од 2-6 години, а со новите вработувања трите групи јасли ќе примаат деца до две годишна возраст.

Со оваа одлука ќе се реши проблемот и за двете групи во објектот „Наум Наумовски Борче“. Проблемот датира од февруари месец 2015 година и по десеттината барања и ургенции сега е одобрено ангажирање на шест негуватели, еден воспитувач, двајца хигиеничари, еден доктор и еден помошник готвач.

„Кочо Рацин“ е најголемата и најсовремена градинка  во Република Македонија. Освен естетски пријатниот изглед, објектот има енергетски ефикасна фасада, подно греење, винил облога која е анти алергена, кујна со лифт за храна и функционални занимални, тоалети и простории за одмор.

Градинката има површина од 2.800 м2“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски