Германецот Северин Фројнд е победник на првиот натпревар од 64-тото изнание на традиционалната Новогодишна турнеја „Четири скокалници’’ во ски-скокови.
На задоволство на домашната публика присутна на скокалницата во германскиот ски-центар, Оберсдорф, Фројнд заработни најмногу бодови за скоковите од 126 метри во првата и 137.5 во втората серија.
Зад него на второто место се пласираа, Михаел Хајлбоех од Австрија со скоковите од 130 и 139, додека како трет заврши Петр Превц од Словенија со скоковите од 129.5 и 130 метри
Превџ си 624 бодови е водечки во Генералниот пласман во Светскиот куп, а денешниот победник Фројнд е втор со 499.
Следниот натпревар е одново во Германија, на првиот ден во Новата година, кога најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Гармиш-Партенкирхен.
Австриските ски-ценри, Инсбрук и Бишофсхофен, ќе бидат домаќини на 3-ти и 6-ти јануари.