Адриен Тео победник на спустот во Санта Катерина

Од:

Адриен Тео од Франција е победник на денешната трка во спуст која се одржа во италијанскиот ски-центар Санта Катерина, а која се бодува за Светскиот куп во алпско скијање.

Тео за кој ова е прв триумф сезонава, а вкупно трети во кариерата, патека „Дебора Компањони“ ја мина во време од 1:47.29 минути, што беше за 1.04 секунди побрзо од Австриецот Ханес Рајхелт, односно за 1.15 секунди побрзо од сонародникот Давид Поасон кој заврши како трет.

Инаку, трката ја одбележа настапот на Италијанец Криштоф Инерхофер кој половина од патеката ја помина со капија закачена за неговиот грб, а на крајот заврши како четвртопласираниот.

Победникот на првите три спуста од сезоната, Норежанецот Аксел Лунд Свиндал потфрли со седмото место со 1.61 секунди послабо време, но и тоа беше доволно да го преземе првото место во севкупниот Генерален поредок со 636 бодови, пред Австриецот Марсел Хиршер кој има 621, додека Кјетил Ансруд од Норвешка е трет со 411.

Свиндал е водечки и во спуст со 336 бодови, пред Французинот Гилермо Фајед кој има 219, а трет е неговиот сонародник Јансруд со 173.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска