Швеѓанката Фрида Хансдотер триумфира на слаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање, која денеска се одржа во Линц, Австрија.
До својата прва победа сезонава, Хансдотер стигна откако по двете возења оствари вкупен резултат од 1:47.02 минути, што беше за само 7 стотинки побзо од второ пласираната Венди Холденер од Швајцарија. Како трета трката ја заврши Петра Влахова од Словачка која заостана 43.стотинки зад победничката.
Токму тие две се и на првите две позиции во генералниот пласман во оваа дисциплина. Швеѓанката сега има 320 бодови, а Влахова 220.
Во севкупниот Генерален пласман водечка е Лара Гут од Швајцарија со 658 бодови, пред Американката Линдси Вон со 500 и денешната победничка Хансдотер која сега има 476 бодови.