Владата го „скрои“ буџетот за 2013

Од:

Владата на  синоќешната   седница го „скрои“   Предлог-буџетот за 2013 година.

Вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари додека вкупните расходи на 165 милијарди 652 милиони денари со тоа што буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 отсто од Бруто домашниот производ.

Буџетот за 2013 е проектиран на прогноза на 2 отсто раст на БДП, инфлација од 3,5 отсто и бруто инвестиции од 6 отсто.

„Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро зоната“, изјави министерот  за финансии Зоран Ставрески.

Планираните макроекономски претпоставки, според Ставревски,  се дека македонската економија во текот на следната година ќе оствари умерен раст на активноста на бруто домашниот производ од околу 2 проценти што е повисок од растот на просекот на евро зоната, но е помалку, посочи од потенцијалниот раст на македонската економија

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година