Дачиќ: Ќе биде сменет целиот полициски врв, ако се утврди одговорност

Од:

Ако се утврди одговорност на полицијата за прислушкувањето на Николиќ и Вучиќ, целокупниот врв на полицијата, ќе биде сменет, уапсени, процесиран, вели Ивица Дачиќ, за српски Блиц.

Премиерот и министер за внатрешни работи најави дека ќе покрене иницијатива за промена на регулативата која треба да има за цел – воведување поголема цивилна контрола врз работата на полицијата и дека тоа е последна во низата опомени во врска со случајот за прислушкување на претседателот на Србија и првиот потпретседател на Владата.

Дачиќ и наложи на Дирекцијата да достави извештај по повод тврдењата дека претседателот и потпретседателот на Владата се прислушкувани и дал налог на Внатрешната контрола да спроведат истрага.

„Според законот, со полицијата раководи директорот на полицијата. Министерот не одобрува и не дава согласност за спроведување на акциите, како ни за прислушкување и следење. Така е и сега“, рече Дачиќ и додаде дека работата и функционирањето на виталните служби на државата треба да се вратат во законските рамки и за тоа во оваа влада постои согласност.

„Ќе биде распишан конкурс за директор на полицијата. Во претходната влада не постоеше волја за смена на директори, дури и кога на некој му истекол мандатот. Демократската партија бараше тој да остане до распишувањето на конкурсот. Затоа се треба да се врати во законски рамки и да се распише конкурс за директор на полицијата“, истакна тој.

Дачиќ и Вучиќ разговарале за случајот прислушкување и се договориле да покренат истрага.

„Овој случај на прислушкување не може на никаков начин да се доведува во врска со Владата и тоа се малициозни толкувања. Ова нема врска со политиката, односно со партиите, туку со поединци и нивните интереси“, порача Дачиќ.

Аферата за откриеното прислушкување на телефоните веќе четири дена ја тресат полицијата во Србија, а како главен виновник е означен Родољуб Миловиќ, шеф на Управата на криминалистичката полиција, по чиј налог е прислушкуван телефонот на Вучиќ, пренесува Блиц.

БИА го информираше Вучиќ дека полицијата издала налог да му се прислушкива телефонот, а претседателот Николиќ е прислушкуван подолго време.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје