Битолчани повредени во сообраќајка кај Кавадарци

Од:

Двајца битолчани се повредени синоќа во сообраќајка кај Кавадарци, кога автомобилот со кој се движеле, излетал од коловозот и удри во бетонска шахта.

Како што информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила синоќа во околу 21 часот  на регионалниот пат Мотел Дреново – Кавадарци, кај крстосницата за село Ресава.

– Патнички автомобил марка „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управуван од Е.А. (1987) од Битола,  излетал од коловозот  и удрил во бетонска шахта. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на автомобилот и сопатникот И.П. (1983) од  Битола , кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, соопшти Стојковска.

По укажаната лекарска помош, битолчаните се  пуштени  на домашно лекување.

– По овластување на јавен обвинител увид на лице место изврши увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, додаде Стојковска.

Сообраќајот на овој патен правец беше целосно во прекин во времето од 21 до 23 часот.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени