Зошто џихадистите го нападнаа Париз, Градот на љубовта?

Од:

БТА – Софија

Ако минатата година на меѓународен план измина под знакот на конфликтот во Украина, оваа година очите на сите беа приковани кон појавата Исламска држава (ИД). За некои тоа е жестока терористичка организација која сее смрт, за други – вистинска држава, иако непризната од меѓународната заедница, речиси секој ден ИД зазема челно место во вестите првенствено со прикажување на жестоки убиства и уништување на бесценети артефакти од светското културно и историско наследство – варварски чинови која умешно ги искористува пропагандната машина на Абу Бакр ал Багдади и неговите луѓе.

Грозоморните кадри со ѕверства, слични едни на други, и кои потсетуваат на едни одамна минати времиња, барем како што повеќето луѓе сметаа, го ужаснаа поголемиот дел од човештвото. Истовремено тие ги претворија обезглавувањата од ИД во вистинска реалност за едно малцинство вклучувајќи различни сегменти – сунити на Блискиот исток и млади муслимани од западните држави со емигрантско потекло. Заедничко за нив е чувството на онеправданост било да е од владеечките секуларни или шиитски режими, било либералните западни општества кои им ги заслепуваат очите. Фактите се фантастични: бројот на џихадистички борци во Сирија и Ирак пораснал за над два пати во изминатата година до најмалку 27,000 души, според податоци од Институтот Суфан груп со седиште во Њујорк.

И додека Исламска држава собираше моќ и сила и преземаше нови територии на Блискиот исток и во северна Африка, за многумина Сирија, Ирак и Либија останаа далечни места каде самоубиствените атентати и војните се дел од сликата. Џихадистичката организација всушност го потресе целиот свет извршувајќи ги двете најзрели терористички акции оваа година не било каде, туку во самото срце на Европа, во Париз.

Градот на љубовта, Градот на светлината, Престолнина на модата, Симболот на европската цивилизација… Тоа се само дел од клишеата со кои сме навикнати да го нарекуваме Париз. Првите асоцијации за француската престолнина се љубов, вино, култура, уметност. Затоа крвавите слики кои го обиколија светот во јануари и ноември потресоа милијарди луѓе.

Но зошто џихадистите одбраа да удрат токму врз Париз? Одговорот делумно се крие во самата претстава за француската престолнина како симбол на западната цивилизација и на секуларниот живот, толку омразени од џихадистите и дијаметрално спротивно со нивната мрачна идеологија. Првата цел на ИД не случајно стана сатиричниот весник Шарли ебдо, чија зајадлива борба со перото во заштита на целосна слобода на говорот, екстремистите одговорија без капка хумор, со автомати.

Пропагандниот ефект беше постигнат. Милијарди луѓе беа потресени. Но и илјадници млади веројатно беа придобиени за каузата на џихадистите. ИД покажа дека е спосбна да удри во самото срце на Европа. Уште повеќе во момент кога го губи теренот и во Сирија и во Ирак, бомбардирана од западните сили и Русија. Ид всушност почнува да пушта корени и да добива приврзеници и на други места – Либија, Сомалија, Авганистан…

Атентатите беа директен доказ колку страшни и тешки за решавање се асиметричните конфликти. Дури и целосна надмоќ во воените односи не гарантира сигурност. непријателот кој нема лице, е најстрашен, затоа што може да демне зад секој агол. И во добата на новите технологии може да ја испрати својата порака и да удри во целиот свет, без да му се неопходни којзнае какви ресурси.

Но Париз не е единствениот центар на западната цивилизација. Тоа се и Лондон, Рим и многу други места. Дали одговорот не се крие во слабоста на социјалистичката влада и недоволно ефикасната работа на разузнавачките служби во Франција?

Но џихадистите удрија и врз САД и врз Русија – земји кои во принцип многу потврдо дејствуваат против тероризмот. всушност, француските тајни служби не дека стојат со скрстени раце и полицијата често задржува луѓе кои се поврзани со џихадистите. Во последниве години тие спречија десетици планирани напади. Бомбашките напади на француските џихадисти во Тулуз и во Еврејскиот мусеј во Брисел всушност беа на првите страници во весниците. Извршителите на нападите од 13 ноември веќе биле следени од властите. Во една западна демократија каде правата на човекот се една од главните вредности всушност нема како да има полиција на секој чекор и луѓе постојано да бидат држани во затвори само затоа шт се екстремисти. А и Гвантанамо не го спречи Сан Бернардино… По напдите од фаталниот петок 13-ти, многумина гласно искажаа една непобитна вистина во современото доба на глобализација и асиметрични конфликти: целосна безбедност нема никаде и за никого.

Друго објаснување е активното учетсво на Франција во воздушните удари врз исламска држава во Сирија. Извршителите на кланицата бо Батаклан викале, според изјавите на сведоците, дека нападите се имено одмазда за бомбардирањата. За многумина на Запад, Сирија изгледа премногу далеку. Терористичките напади од 13 ноември всушност беа морничаво потсетување дека во современиото глобализиран свет се е последично поврзано и ако бомбардираш „безопасно“ од воздух на неколку илјади километри растојание, треба да очекваш содветен удар и дома. Впрочем многу луѓе во Париз признаа дека ги очекувале атентатите. Оосбено по Шарли ебдо. Но се надевале дека стравувањата нема да им станат кошмар.

Но малкумина добиле впечаток дека многу од извршителите на терористичките напади во Франција беа нејзини граѓани. И тројцата напаѓачи во Батаклан беа французи… Што ги тера тие луѓе да ја мразата својата татковина и да убиваат свои сонародници?

Проблемот со таканаречените лоши квартови и предградија во Франција населени предимно со луѓе од емигранстко потекло, вклучително и многу муслимани, тлее веќе со децении. дедовците и татковците на тие луѓе биле благодарни што во Франција нашле безбедност и шанси за живот. Но за нивните внуци и деца тоа не е доволно и чувството дека се граѓани од втор ред и се отфрлени од мнозинството неминовно ги радикализирало. Корените на многу од тие млади луѓе освен тоа се од земји како Алжир, каде раните од француското колонијално владеење уште не се зараснати.

Бунтовите во француските предградија во есента 2005 година беа повеќе од алармантен симптом. Но политичката класа на тоа реагираше водена од прнципот: „Секое чудо за ри дена“. А во изминатото десетлетие проблемите само се натрупувале и продлабочувале.

Како што проценија некои експерти, париските терористи прво се радикализирале по што станале совршен објект за исламистичка пропаганда. Ситуацијата станала уште посериозна имајќи го во предвид фактот дека Исламска држава располага со територијална база во Сирија и Ирак. Исто како и Ал Каеда во Авганистан пред терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Но интеграцијата е двостран процес. И кога таа недостасува, вината очигледно не е само кај мнозинството кое одбива да асимилира дадено малцинство. Материјалните услови во некои предградија во Франција, Белгија и на многу други места се подобри од оние во голем дел од светот и мнозина нивни жители добиваат социјална помош, ки се повисоки од проиходите на милијарди жиѕели на планетава.

Мултикултурното општество пропаѓа, објави германскиот канцелар Ангела Меркел уште во 2010 година. Илузиите на мнозина политичари и мислители во САД и ЕУ за „крај на историјата“ и универзалноста на западните вредности кои беа популарни по крајот на Студената војна и рушењето на комунистичкиот блок на исток, силно беа погодени од подемот на Кина, растот на путинова Русија и жени со бурки по улиците на западните престолнини.

Впрочем, според Суфан груп, бројот на џихадистите од западна Европа во Сирија и Ирак се удвоил во последната година, до околу пет илјади души. Најбројни меѓу нив, околу 1700, се Французите…

По атентатите во Париз социјалистичката влада во Франција конечно презема одамна задоцнети мерки кои доскора изгледаа политички некоректни во либералните заапдни општества, па дури по кланицата во Шарли ебдо во јаниари почна со затворање на радикални џамии. Во пракса властите направија чекори кои ги бараше не било кој, туку Нациоланиот фронт на Марин Лепен. Француската крајна десница не случајно го закрепна во првиот круг од регионалните избори на 6 декември својот статус на прва политичка сила во земјата, која победи на изборите за Европскиот парламент минатата година. Во 21-иот век, Националниот фронт далеку дека е одговорот на проблемите. Мнозина французи кои претходно гласале за онзервативците па дури и за социјалистите, сега всушност дја поддржаа крајнодесната партија. Протестниот глас на тие луѓе, од кои едвај дека некои се с екстремистички ставови, гласеше: „Нешто во Франција не е во ред. Не можеме повеќе да се правиме дека тоа не е така“. Констатацијата на еден народ кој на светот му го дал концептот за слободата, демократија и човекови права, неговата политичка елита треба да го послуша.

Какви мерки треба да се преземат? Војната против Исламска држава треба да се води на сите фронтови, како што повика авторитетното британско списание Економист.

На прво место на кракорочен план, да бидат неутрализирани луѓето кои веќе се борат со оружје во рака за каузата на Исламска држава. Џихадистичката организација да биде лишена од својата територијална база и да биде прекинат протокот на џихадисти од Блискиот исток кон Европа и обратно – нешто кое не изгледа толку невозможно. За тоа е потребна реформа на шегенскиот систем – слободата на движење е непобитна вредност за Европската унија, но сигурноста на границите на ЕУ треба да биде засилена, како признание дека живееме во еден поопасен свет.

Воената победа против Исламска држава во Сирија и Ирак и неутрализирањето на нејзините следбеници во Европа никогаш не е доволно. Од клучно значење на долгороче план е да се добие борбата за срцата и умовите на луѓето и намногу на младите од ризичните групи. Таа треба да се води од уилиштата преку социјалните мрежи на интернет до обезбедување на економски преспективи.

– Бомбардирањето на Сирија нема да го направи Париз побезбеден, предупреди американското списание Атлантик и наведе неколку неопходни мерки за добивање на тој асиметричен конфликт: фокусирање врз создавање на работни места, асимилација на странците во западните општества, давање на позитивни примери, ограничување на провокациите на социјалните мрежи.

– Ниту една посебна култура или религија не може да ни ги замени обврските да бидеме дел од едно интегрирано Обединето кралство, потцрта поранешниот британски премиер, лабуристот Тони Блер. Констатација која е полноважна и во Франција.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз