„Смеа, весели лица, убава музика и другарување, денеска, градоначалникот на општина Центар организираше предновогодишна средба со пензионерите од општината.
Претседателот на Здружението на пензионерите на Центар, Павле Саздовски, рече дека ова е прв пат еден градоначалник да им приреди вакво новогодишно дружење на пензионерите“, се вели во соопштението на Општина Центар.
„Бидете здрави и живи и уште долго да ја трошите пензијата“, порача Саздовски.
„Овде гледам многу насмеани лица. Вам и на Вашите најблиски Ви посакувам насмевки и среќа преку целата 2016-та година. Ова ќе биде веќе традиционално собирање и посакувам сите, во ист број, вака расположени, да се собереме и догодина и да кажеме дека во 2016-та имавме 365 успешни денови“, рече Жерновски.